Раде Кратовче е најстарото училиште во Кочани. Било изградено во 1936 година. Првото име на училиштето било Доситеј Обрадивиќ. Во 1945 било реименувано во Раде Кратовче.Порано училиштето имало само 1 спрат, но сега има 3. Вториот спрат бил изграден во 1963 година.Иако училиштето било изградено во 1936 година во него не се држеле часови до 1939 година. Во 1945 училиштето започнало да работи како средно училиште. Училиштето содржи окулу 490 ученици. Исто така училиштето Раде Кратовче е поврзано со училиштето с. Нивичани. Возрасната група на учениците започнува од 5,8 години до 16 години. Училиштето е поделено на 2 смени. Првата смена е од 7:30 – 12:10, Втора смена е од 13:00 – 18:35. Еден час трае 40 минути. Училиштето има 21 училници од кои сите имаат компјутери и една училница за час по физика, 2 библиотеки, 99 компјутери, 8 касетофони, 1 LCD проектор, 1 микроскоп и 1 телескоп. На 23 Март секоја година училиштето го слави Патрониот празник, по тој повод се организира свечена академија. Училиштето Раде Кратовче е првото и единствено училиште во општина Кочани кое е прогласено за еко училиште со статус на зелено знаме.