Sunday, February 9, 2025
ОУ „Раде Кратовче“ е најстарото училиште во Кочани. Било изградено во 1936 година. Првото име на училиштето било Доситеј Обрадoвиќ, а по ослободувањето го добива името на македонскиот народен херој Раде Кратовче. Порано училиштето имало само 1 спрат, но сега има 3. Вториот спрат бил изграден во 1963 година. Иако училиштето било изградено во 1936 година во него не се држеле часови до 1939 година. Од 18.12.1944 година училиштето работи како прогимназија, а од учебната 1945/46 година веќе работи како гимназија. Гимназиската настава во зградата на училиштето „Раде Кратовче“ се изведува сè до полугодието на учебната 1954/55 година од каде што се сели во новоизградена училишна зграда на сегашното училиште „Никола Карев“. Во состав на училиштето работи едно подрачно училиште во с. Нивичани, каде се одвива настава од прво до деветто одделение во чисти и комбинирани паралелки. Училишните згради во централното и подрачното училиште овозможуваат непречено одвивање на наставата, но дел од училишниот објект во централното и објектот во подрачното училиште се стари и потребна е нивна реконструкција. ОУ „Раде Кратовче” - Кочани е деветгодишно училиште кое ги опфаќа учениците од II и IV реон.