Библиотека

Основна цел на училишната библиотека е да негува и развива љубов и интерес кои книгата уште од најраната возраст, кај младата популација. Таа љубов посебно треба да се негува кај нашите ученици, кои во своите училишта ги прават првите чекори во прекрасниот и бесконечен свет на учењето и знаењето. Во тој контекст, училишните библиотеки претставуваат „центар на гравитацијата“ во царството на знаењето во училиштата, во кои учениците ќе ги направат првите контакти и каде ќе остварат непосредна комуникација со книгите, ќе го совладаат начинот на нивното користење и ќе им служат за збогатување на нивните знаења. Преку различни форми на работа, библиотекарот во тесна соработка со библиотекарската секција и воспитно-образовниот кадар, успешно и целосно ја остварува нивната благородна мисија.

            Библиотекарот со своето образование и знаење, професионални компетенции, организациско и стручно искуство, работни навики, интеркадровски односи и мотивација, претставува главен двигател во развојот на училишната библиотека. Личните компетенции на библиотекарот претставуваат определен квантум на знаење и способности, ставови и вредности кои му овозможуваат успешно работење и извршување на професионалните обврски.

            Во рамките на нашата училишна библиотека има вкупно 6930 книги, односно вкупно 611 наслови, а 6 наставници се задолжени за нејзиното функционирање.