Дополнителна настава
Според член 27 од Законот за основно образование дополнителната настава се организира за ученици кои покажуваат континуирано слаби резултати во учењето, а особено ако: имаат најмалку две слаби оценки, имаат слаби резултати по одреден наставен предмет, отсуствуваат од наставата по одреден наставен предмет и на барање на ученикот или неговиот родител, односно старател. Наставникот кој ја реализира наставата по наставниот предмет ги задолжува учениците од ставот (1) алинеја 1 на овој член за посета на дополнителна настава, а за учениците од ставот (1) алинеи 2 и 3 на овој член дополнителна настава се организира по оценка на наставникот. Ученикот упатен на дополнителна настава во текот на еден месец посетува дополнителна настава најмногу по два наставни предмети со најмногу четири наставни часови по наставен предмет. Доколку ученикот не ги посетува часовите по дополнителна настава добива неоправдан изостанок. За упатувањето на ученикот на дополнителна настава наставникот задолжително го известува родителот, односно старателот.