Friday, April 19, 2024
Почетна Блог

Работилница под мотото,, Ретко е да си редок”

0
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој луѓето со ретки болести го викаат “свој” , месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена, во нашето училиште се оддржа работилница под мотото,, Ретко е да си редок” од страна на дефектологот Лујза Митиќ.
📌 Учениците беа запознаени со тоа што е ретка болест и видоа примери на истата.
✅Да создадеме општество каде луѓето со ретки болести ќе бидат слушнати,разберени и поддржани.
👉Заеднички да им го направиме светот подобро место за живеење.
 
 

Освоени награди на Општинскиот натпревар по природни науки

0

На Општинскиот натпревар по ПРИРОДНИ НАУКИ кој се одржа на ден 23.02.2024 год. , нашите ученици под менторство на наставничката Снежана Јорданова ги постигнаа следните резултати:

Јусуф Латифов VI одд.

Матеј Синанов VI одд.

Давид Горгиев VI одд.

Освоени награди на општинскиот натпревар по хемија

0
На Општинскиот натпревар по ХЕМИЈА кој се одржа на ден 23.02.2024 год. , нашите ученици под менторство на наставничката Снежана Јорданова ги постигнаа следните резултати:
 
 
 
All reactions:
You, Julijana Nikolovska, Sanja Krsteva and 42 others
 

21 Февруари-Меѓународен ден на мајчиниот јазик

0
Учениците, членови на Училишниот Младински Клуб од нашето училиште ООУ ,,Раде Кратовче” го одбележаа денешниот ден,
21 Февруари-Меѓународен ден на мајчиниот јазик и испратија порака до нашите сограѓани за негување и зачувување на нашиот мајчин МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК!

Освоени награди на Општинскиот натпревар по биологија

0
На Општинскиот натпревар по биологија кој се одржа на ден 16.02.2024 г., нашите ученици под менторство на наставничката Анита Стојанова ги постигнаа следните резултати:
🥇Прва награда Стефан Крстев VII 3 одд.
🥈Втора награда Јован Божинов IX 3 одд.
Трета награда :
🥉Јана Станкова VIII 3 одд.
🥉 Елена Павлова VIII 3 одд.
🥉 Вероника Грозданова IX2 одд.
Благодарница за Учество :
🎖Мартина Атанасова VIII 3
🎖Сара Миткова IX 3

Реализиран есенски излет

0

Според Годишната програма за работа на нашето училиште е планиран есенски излет за учениците од прво до деветто одделение во месното Бавчалук, кој се реализираше на 24 октомври. Бидејќи претходно беше потпишан Меморандум за соработка со ПСК „Осогово“ – Кочани се искористи оваа можност и пред учениците од страна на ПСК „Осогово“ – Кочани се одржа предавање за планинарството како спорт, неговите огромни придобивки за здравјето и духот на децата, но и со основните вештини за преживување во природа, ситуација во која може да се наjде секој.

 

Активности во рамки на одбележување на Детската недела

0

Во текот на Детската недела од 2 до 8 октомври во училиштето се реализираа најразновидни активности во кои се вклучија ученици и од одделенска и од предметна настава. На 6 октомври се одржа манифестацијата по повод Детската недела 2023, на која со ритмичка точка на песната Азбука најубава се претставија учениците од второ и трето одделение.

Одбележување на 5-ти октомври – Светски ден на учителот

0

 На 5 октомври и оваа учебна година како и минатата дадовме значење на одбележување на овој ден – празник за секој учител, наставник, професор. Чествувањето започна со песната Мојата учителка, песна со која ние возрасните растевме и создававме почит кон нашите учители. Преку презентацијата се зборуваше за прогласувањето на овој ден, за првото училиште во нашата држава, за поставувањето на темелите на нашето училиште преку слики како развојно се менува и подобрува преку надворешните и внатрешните промени. Во улога на презентери беа училишниот педагог Марија Филипова и предметниот наставник Катица Петрова.

Осумнаесет ученици од одделенска и предметна настава имаа можност пред присутните гости да кажат мудри мисли кои искажуваат почит кон учителот и неговата благородна професија.

Како резултат на објавениот литературен конкурс се наградија следните ученици:

  1. Јована Велкова од VII-1 одд. – прва награда;
  2. Бисера Филипова од IV-3 одд. – втора награда;
  1. Иван Митров од IV-1 одд. – трета награда.

На објавениот ликовен конкурс се наградија следните ученици:

  1. Лилјана Џамова од V-3 одд. – прва награда;
  2. Елена Павлова од VIII-3 одд. – втора награда;
  3. Јонус Мустафов од V-1 одд. – трета награда.

Од страна на предметниот наставник Ана Симонова беше изготвено едукативно видео во кое учествуваа ученичките Вероника Грозданова, Еда Јакубова и Сара Миткова од деветто одделение кои беа претставени во улога на учители.

Одбележан 26 септември – ден на европските јазици

0

На 25 септември под менторство на предметниот наставник Сања Павлова Димитрова се одржа работилница за одбележување на 26 септември – ден на европските јазици, а беа опфатени ученици од предметна настава од неколку паралелки.

 

Одбележан 22 септември – Меѓународниот ден без автомобили

0

На 22 септември со велосипедската тура „По патеката на оризот“, Општина Кочани повторно го одбележа Меѓународниот ден без автомобили. Од нашето училиште учествуваа ученици од предметна настава заедно со наставниците по ФЗО Сашко Анастасов и Зоран Минов и други предметни наставници и ученици од предметна настава, возеа на релација долга 10 километри, Кочани – Горни Подлог – Мојанци – Грдовци – Кочани.