По иницијатива на „Министерството за Внатрешни Работи“ на Република Македонија а во реализација на вработени лица во Полициската Станица во Кочани, денес во ОУ „Раде Кратовче“ во Кочани се одржа предавање на тема: „Злоупотреба на дрогата“. Предавањата беа наменети за учениците од седмите и осмите одделенија во училиштето, а учениците беа запознаени со штетата што ја нанесуваат дрогите и другите опојни супстанци. Со ваквите предавања се опфатени сите основни училишта што се наоѓаат на подрачјето што го покрива Полициска Станица од Кочани.
С. Ивановски (превземано од www.komarec.com.mk)