Петок 05.12.2014г. нашето училиште со директорката и дел од ПМИО, беа на средба со директорот и ПМИО со сега веќе партнер училиштето ‘‘Емин Дураку‘‘с.Буковиќ,општина Сарај,Скопје.
На средбата следуваше меѓусебно запознавање, разговор, размена на мислења, договори. Јас и мојот МИО тим бевме најсрдечно пречекани во училиштето, каде се запознавме и со учениците и наставниот кадар.
Потоа следуваше потпишување на Меморандумот од страна на нас дитекторите, за Проектот-Мултиетничка интеграција во образованието. Со ова двете училишта се спремни да ѓи реализираат заедничките планирани активности со учениците од двете училишта. Инаку, овој Проект е во организација на МОН и USAID, чија што цел е директно запознавање и дружење на ученици, наставници од училишта во кои се учи на друг јазик, како што е нашето партнер училиште каде се учи на албански јазик. Со ваквите дружења и друѓите видови на активности предвидени во Годишните програми, и ние и учениците од двете училишта се запознаваат на еден директен, непосреден начин и со различните јазици, со културата, обичаите и се друго што го карактеризираат друѓиот народ. Се учи на едно меѓусебно почитување, прифаќање на различностите, ширење на пријателството, дружење под Мото-Сите сме еднакви!