Национална конференција “Растеме заедно со еко ресурси”

0
16

На 30 Август се одржа Националната конференција во Кочани, со што заврши проектот „Растеме заедно со еко ресурси“, кој беше поддржан од програмата „Еразмус +“ на Европската Унија чија цел беше на интересен начин да ги учи најмладите како да се грижат за својата животна средина и ефикасно да користат обновливите енергетски извори. На оваа конференција беа презентирани Стратегијата за развој на стратешко партнерство во образованието меѓу општините Кочани и Пазарџик, но и пилот активностите на учениците од ОУ „Раде Кратовче“ како дел од овој проект. Наградени беа ученици од III одд. под менторство на одд. наставник Дивна Јанушова, ученици од IV одд. под менторство на одд. наставник Силвана Ивановска, ученици од V одд. под менторство на одд. наставници Светлана Кралова и Фиданка Манчова, ученици од VI одд. под менторство на одд. наставник Анита Стојанова и ученици од IX одд. под менторство на одд. раководител Глигорчо Гацовски. На најуспешните ученици активисти им беа доделени награди.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме напишете го вашиот коментар!
Ве молиме напишете го вашето име