
На 21.02.2023 година се одржа обуката „Искуствено учење за животна средина и климатски промени за наставниците по природни науки“ во рамки на програмата „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведена во соработка со УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието, финансиски поддржана од владата на Шведска. Истата се одржа во нашето училиште и во улога на обучувач беше предметниот наставник Анита Стојанова, а слушатели беа предметни наставници по природните науки од петто до деветто одделение од основните училишта од нашата општина.