Предавање на тема Пубертет, репродуктивно здравје и несакана бременост 

0
167

На 27 февруари од страна на др. Борјанка Пешевска Митев се одржа предавање на тема Пубертет, репродуктивно здравје и несакана бременост, поттикнато од наша страна поради забележани негатини појави кај одредени ученици од предметна настава и момчиња и девојчиња. На начин на кој учениците можат да разберат, таа им објасни за средства за контрацепција, заразни болести и како се пренесуваат, како до несакана бременост и што таа предизвикува на помала возраст, што е абортус и последиците од него и што се случува кога малолетна девојка ќе роди дете. Учениците сакаа да одговараат и да поставуваат прашања, надоврзувајќи се на нивните предзнаења.