На 23 март се одбележа Патрониот празник на училиштето. Чествувањето повторно беше пред училиштето со кратка програма во која учествуваа: училишниот хор и оркестар под менторство на предметниот наставник Дарко Ристов кои се претставија со хорската композиција „Дафино вино црвено“ и Менует во g-dur од Бах. Потоа ученикот Јован Цветанов од V-3 одд. се претстави со композицијата „Двогласна инвенција“ бр. 8 во f-dur од Бах. Учениците од трето одделение под менторство на предметниот наставник Катица Петрова се претставија со искрени детски пораки на англиски јазик, промовирајќи мир во светот, солидно образование и насмевка на секое дете без разлика на раса и етничка припадност. Ученичките Анастасија Богданова, Александра Стојанова, Ангела Стаменкова и Билјана Митева од деветто одделение под менторство на предметниот наставник Вера Стојкова се претставија со рециталот „На татковината“. За крај, учениците Амит Ибраимов од VI-2 одд. и Мила Филипова од VII-3 одд се претставија со композицијата „Заветна“.
По повод Патрониот празник на нашето училиште, беше распишан литературен и ликовен конкурс на слободна тема, на кој право на учество имаа учениците од III до IX одд. Комисијата во состав од предметните наставници по македонски јазик и ликовно образование од доставените творби ги награди творбите на следниве ученици:
На литературниот конкурс наградени се учениците:
- Јована Велкова VI-1 одд. под менторство на предметниот наставник Вера Стојкова – прва награда,
- Анастасија Богданова IX-1 одд. под менторство на предметниот наставник Вера Стојкова – втора награда и
- Александра Стојанова IX-1 одд. под менторство на предметниот наставник Вера Стојкова – трета награда.
На ликовниот конкурс наградени се учениците:
- Милена Постолова IV-3 одд. под менторство на одд. наставник Дивна Јанушова – прва награда,
- Љупка Николова VIII-1 одд. под менторство на предметниот наставник Иван Шапков – втора награда и
- Тео Зашев III-3 одд. под менторство на одд. наставник Анка Соколова – трета награда.
Наградените ученици добија награди кои им беа доделени пред присутните гости.