Посета на  Противпожарното друштво – Кочани

0
187

Според годишната програма и тематски планирања по наставен предмет општество на актив второ одделение во учебна 2022-23 година беше предвидено обработка на наставна содржина ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ. За доближување на содржината до учениците на 5 април се посети Противпожарното друштво – Кочани при што: се разгледа зградата и специјалните возила на ТППЕ- Кочани и Доброволното противпожарно друштво, се разговораше со вработени лица при ТППЕ- Кочани и Доброволното противпожарно друштво и се демонстрираше гаснење на пожар. Учениците се запознаа со противпожарната опрема, противпожарните апарати, како и со противпожарните возила, нивната цел и намена. Беа запознаени за примањето на дојава за избувнат пожар на телефонските броеви 193 и 112 и на крајот им беше објаснето како треба да се постапува при настанат пожар за да се спречи неговото ширење и гаснење.