Реализиран есенски излет

0
253

Според Годишната програма за работа на нашето училиште е планиран есенски излет за учениците од прво до деветто одделение во месното Бавчалук, кој се реализираше на 24 октомври. Бидејќи претходно беше потпишан Меморандум за соработка со ПСК „Осогово“ – Кочани се искористи оваа можност и пред учениците од страна на ПСК „Осогово“ – Кочани се одржа предавање за планинарството како спорт, неговите огромни придобивки за здравјето и духот на децата, но и со основните вештини за преживување во природа, ситуација во која може да се наjде секој.