Реализирана самостојна мултикултурна активност / Проект-Мултикултурна интеграција

0
276

Како дел од проектот на ПМИО на 24.12.2014 година беше реализирана самостојна мултикултурна работилница во организација на наставничката по ликовно образование Елизабета З. Стојанова, под наслов Изработка на новогодишни сувенири. Учесници на оваа работилница беа учениците од шесто, седмо и осмо одделение, а поканети беа и родители на наши ученици. Целта на ваквата активност беше изработка на новогодишни сувенири кои во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници ќе бидат поделени по домовите на луѓето кои живеат во близина на училиштето.