МВР – Полициска станица Кочани, заедно со ОБСЕ, Општина Кочани, организираа општински квиз натпревар со учество на ученици од сите основни училишта од Општина Кочани и Општините Чешиново – Облешево и Зрновци, на тема – Колку го познаваш сообраќајот.
Учествуваше и нашето училиште кое го доби второто место на натпреварот. Целиот квиз натпревар беше збогатен со две музичко ритмички точки кои ги изведуваа ученици од ОУ ‘‘Раде Кратовче‘‘ Кочани.