Предавање на тема: Водата и нејзиното значење

0
71

Како дел од проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ од страна на МОН и БРО на ден 24.03.2015 година се одржа предавање на тема Водата и нејзиното значење. Во улога на предавач беше родител од нашето училиште – Дип. ел. инж. Зоран Георгиев, вработен во КЈП Водовод-Кочани. Предавањето се одржа во кабинетот по информатика, а како слушатели беа вклучени учениците од четврто одделение. Темата беше избрана поради тоа што 21 Март беше Ден на екологијата, а 22 Март Светски ден на заштита на водите, па поврзано со нив преку предавањето се истакна значењето на водата.

Претходна објаваОдбележување на Патрониот празник со положување свежо цвеќе
Следна објаваУчество на Меѓународна конференција