Предавање на тема: Водата и нејзиното значење

0
531

Како дел од проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ од страна на МОН и БРО на ден 24.03.2015 година се одржа предавање на тема Водата и нејзиното значење. Во улога на предавач беше родител од нашето училиште – Дип. ел. инж. Зоран Георгиев, вработен во КЈП Водовод-Кочани. Предавањето се одржа во кабинетот по информатика, а како слушатели беа вклучени учениците од четврто одделение. Темата беше избрана поради тоа што 21 Март беше Ден на екологијата, а 22 Март Светски ден на заштита на водите, па поврзано со нив преку предавањето се истакна значењето на водата.