Во спортската општинска сала кај ушилиштето Св. Кирил и Методиј, на ден 23.04.2015г. со организација од нашето училиште и наставниците Дивна Јанушова и Благој Петров, како и останатите наставници, заедно со ученици и нивните наставници ментори од Општинските училишта ОУ „Малина Попиванова“ и ОУ „Никола Карев“ Кочани, се одржаа активности од Проектите Еднакви можности и АЦЕС! Овие активности имаа натпреварувачки, забавен и хуманитарен карактер! Собраните парични средства беа донирани на младиот Иван Стојанов за негово неопходно лекување!