Проектот „Превенција од никотиноманија“ во соработка со ПС- Кочани при СВР Штип

0
359

Во периодот од 22.02-26.02.2016 год. во кабинетот по информатика во ОУ „Раде Кратовче“ – Кочани се одржа предавање за учениците од V-IX одд. Предавачи беа учениците Олгица Тодорова,Теодора Станкова, Симона Лазарова и Стефани Бошкова од IX одд. Предавањето го следеа претставници од ПС-Кочани, а беа присутни и педагог, психолог и одделенски наставници од училиштето. Учениците беа информирани: зошто се постанува пушач, поврзаноста на пушењето со законот, што е никотинот и дали тој предизвикува зависност, што се случува кога се зема подолг период и колкав е ризикот од него, кои се штетните и несакани ефекти од цигарите разликата помеѓу пушачите и непушачите. Предавањето за учениците од VI-IX одд. во ПУ с. Нивичани се одржа на ден 01.03.2016 год. во присуство на одделенски наставници од училиштето.