Ликовна изложба под мотото „Права и одговорности“

0
380

Како дел од проектот Сите сме еднакви, во нашето училиште во периодот од 10 до 25 Март имаше кампања на тема „Права и одговорности“. Беше распишан литературен конкурс на истата тема, на кој беа поканети основните училишта од нашата Општина, а учество зедоа ОУ „Никола Карев“ и ОУ „Крсте Петков Мисирков“ со свои литературни творби.

Прво место освои ученикот Симон Тодоров од V-1 одд. од нашето училиште, второ место ученичката Матеа Саздова од II-a одд. од ОУ „Крсте П. Мисирков“ и трето место ученичката Неда Малешевска од II-2 одд. од ОУ „Никола Карев“. Учениците Матеј Димитров од II-2 одд. од ОУ „Никола Карев“, Андреа Иванова од IV-б од ОУ „Крсте П. Мисирков“ и Лазарчо Андонов од IV-2 од ОУ „Раде Кратовче“ беа пофалени.