Настан Вело родео

0
290

На ден 01.06.2016 година во дворот на нашето училиште се одржа Вело родео, настан кој имаше за цел да го промовира велосипедот како безбедно еколошко средство. На овој настан во организација на Здружението за заштита и унапредување на животната средина и промовирање на концептот на одржлив развој „Еко-Логик“ од Скопје и Училишниот спортски клуб „Тркало“ од ОУ „Раде Кратовче“ учество зедоа ученици од сите основни училишта од Општина Кочани, Чешиново-Облешево и Општина Зрновци. Прво место освои екипата од ОУ „Малина Попиванова“, второ место екипата од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и трето место екипата од нашето училиште. Сите наставници ментори без разлика за освоеното место добија сертификати за водење и координација на тимовите.