Денови на медот

0
333

И оваа учебна година нашето училиште се вклучи во одбележување на манифестацијата Денови на медот која се одржа во Паркот на Револуцијата, каде беа поставени 13 штандови од производителите на мед од најразлични региони во државата. Беше објавен литературен конкурс на кој учествуваа учениците од одделенска настава, а во паркот со своите литературни творби се претставија следниве ученици: 1. Мила Малинова IV – 2 одд. под менторство на одд. наставник Весна Наунова 2. Стефанија Паунова IV – 3 одд. под менторство на одд. наставник Силвана Ивановска и 3. Наталија Михаилова V – 3 одд. под менторство на одд. наставник Светлана Кралова.