Како дел од овогодинешната манифестација „Денови на Кочанскиот ориз 2016“ на 15 Октомври од нашето училиште учествуваа учениците од петто одделение кои се претставија со ритмичка игра Мори чупи Костурчанки. На објавениот литературен и ликовен конкурс по повод оваа манифестација пофалени се следниве ученици: Михаил Малинов од V-2 одд. под менторство на одд. наставник Фиданка Манчова и Михаела Стојанова од V-3 одд. под менторство на одд. наставник Светлана Кралова.