Проект Вело Маало

0
439

Во организација на Здружението на граѓани Еко Логик – Скопје, од оваа учебна година започна со реализација проектот Вело Маало, проект во кој што ОУ „Раде Кратовче“ – Кочани, е едно од 10-те училишта од Македонија кое што учествува. На ден 19.10.2016 година во нашето училиште беше одржана работилница во траење од 2 школски часа и беше презентирана втората едукативна друштвена игра во која се вклучија учениците од VI-2 и VI-3 одд., како и членови на УСК Тркало при нашето училиште. Беше интересно за учениците да се вклучат во ваков тип на активност и да научат повеќе за велосипедот, промоција на велосипедот како средство за транспорт и бенифитите од користење на истиот. Овие 10 училишта ќе ја формираат националната вело мрежа.