Посета од ЛК „Копнеж“ од Кочани

0
371

Повторно како дел од Месецот на книгата нашето училиште беше почестено со присуството на членови од ЛК „Копнеж“, односно писателката Славица Цветкова, ученичките Наде Ефремова и Бранкица Стојменова. Ученичката Наде Ефремова пред нашите ученици и наставници ја промовираше својата стихозбирка и прочита дел од своите творби. Потоа и нашите вредни ученици од одделенска настава ги читаа своите напишани творби.