На ден 02.11.2016 година во организација на Сојузот на училиштен спорт од Кочани и предметните наставници по физичко и здравствено образование, во ОУ „Малина Попиванова“ се одржаа училишни општински натпревари во пинг понг, за момчиња и девојчиња. Од нашето училиште учество зедоа 9 ученици од осмо и деветто одделение, од кои прво место освои ученикот Иван Јанков од IX-2 одд., второ место ученикот Виктор Паунов од IX-2 одд. и трето место ученикот Александар Георгиев од IX-3 одд, под менторство на наставникот Благој Петров.