Предавање на тема: Правилно држење на телото

0
329

Како дел од проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ од страна на МОН и БРО на ден 02.11.2016 година се одржа предавање на тема Правилно држење на телото. Во улога на предавач беше родител од нашето училиште – д-р Благица Панова од ПЗУ „Д-р Панова“. Како слушатели беа вклучени учениците од прво одделение, сметајќи дека на оваа возраст и покрај обврските и задолженијата, дел од слободното време го поминуваат пред компјутерите, а многу мал дел од нив спортуваат или си играат по надвор. Како резултат на ова доаѓа до оштетување на телото.