Месец на книгата

0
10

Со цел одбележување на Месецот на книгата на ден 03.11.2016 година во нашето училиште беа гости писателите Киро Донев и Горјан Петревски. На средбата ученици од трето до деветто одделение одблизу се запознаа со книгите кои тие ги пишуваат, а имаа можност и да постават прашања од областа на литературата и начинот на кој тие пишуваат. Откако писателите прочитаа од нивните книги и нашите ученици се претставија со свои творби и добија пофалби од гостите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме напишете го вашиот коментар!
Ве молиме напишете го вашето име