Monday, June 30, 2025
ПочетнаНовостиНовогодишен пазар на можности организираа денеска учениците заедно со наставниците по англиски...

Новогодишен пазар на можности организираа денеска учениците заедно со наставниците по англиски јазик од ОУ „Раде Кратовче“

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, учениците заедно со наставничките по англиски јазик од ОУ „Раде Кратовче“, денеска го одржаа новогодишниот пазар на кој се продаваа новогодишни украси изработени од учениците од ова училиште. Директорката на училиштето Гордана Манева ја поздрави оваа активност изјавувајќи дека со ова започна и новогодишната еуфорија во нивното училиште. Новогодишниот базар на можности беше посетен од страна на вработените во училиштето, учениците како и од родителите кои ги купија новогодишните декоративни украси. До крајот на овој месец од училиштето најавија уште еден новогодишен пазар на можности на кои ке учествуваат сите ученици од прво до деветто одделение.

RELATED ARTICLES

Most Popular