Учество во Игри без граници

0
88

На ден 21.12.2016 година во спортската сала кај ОУ „Св. Кирил и Методиј“ се одржаа Игри без граници како дел од кампањата „За луѓето се работи“ за заштита на природата, во организација на Центар за развој на Источен плански регион. Учество зедоа 25 ученици од 5 до 9 одд. поделени во 5 тима под менторство на наставниците: Благој Давитков, Латинка Крстева, Благој Петров, Тони Стојанов и Елизабета Зафирова Стојанова. Учениците учествуваа во играта Брза географија, потоа квиз и неколку спортски игри. Сите учесници добија дипломи за своето учество.