Одбележување на 1 Април

0
333

По повод 1-ви Април – Денот на шегата, во Пробиштип се одржа осмиот по ред „Пробиштипски маскенбал“ – 2017, под мотото „Пробиштип со маски“. Со почеток во 17 часот, започна дефилето од пред Домот на култура „Злетовски рудар“ Пробиштип, по улицата „Цветко Тонев“ и „Јаким Стојковски“ до местото на настанот – Ракометното игралиште во центарот на градот, каде беа проследени сите перформанси. Учесници на маскенбалот беа учениците од општинските училишта од Пробиштип и гостински маски од повеќе општини од Република Македонија. Особено не радува фактот што и оваа година нашето училиште се претстави со своја точка, односно група ученици од VI до IX одд. под менторство на одделенскиот наставник Дивна Јанушова маскирани како Танцувачки вреќи. И не само ова, туку тие со своето успешно претставување пред публиката успеаја заедно со претставници од ОУ „Св. Климент Охридски“ од Општината Чешиново – Облешево да го освојат третото место.