Одбележан Меѓународниот ден на литературата за деца

0
418

По повод одбележување на Меѓународниот ден на литературата за деца 2 април, на 31 март 2017 година беше реализиран проектот под наслов “Славење на меѓународниот ден на литература за деца”, во организација на МБ „Искра“ Кочани. Ова одбележување се случи во салата на Мултикултурниот центар во Кочани каде се одржа Фестивал на децата, книгите и музиката на кој настапија над 350 деца од основниоте училишта во општината, детската градинка Павлина Велјанова и учениците од приватните школи кои работат со најмалите категории. Како дела од оваа прекрасна активност се вклучи и нашето училиште, поточно ученици од III-1 и III-3 одд. под менторство на одделенскиот наставник Дивна Јанушова. Тие пред присутните гости се претставија со драматизацијата Дедото и репката и со песната „Роденден“ во изведба на ученичката Анастасија Богданова од III-3 одд. На крајот имаа и можност да се запознаат и со претставник од руската амбасада, бидејќи нашите ученици драматизираа на руска приказна.