Освоени награди на Општинскиот и Регионалниот натпревар по природни науки и биологија

0
546

Под менторство на одделенскиот наставник Силвана Ивановска ученичката Магдалена Ивановска освои III награда на 2. Општински натпревар по природни науки за основно образование одржан на 4 Март 2017 година; под менторство на предметниот наставник Снежана Јорданова ученикот Ненад Стојанов од VI -2 одд. освои III награда на 2. Општински натпревар по природни науки за основно образование одржан на 4 Март 2017 година; под менторство на предметниот наставник Анита Стојанова ученичките: Анастасија Атанасова, Тамара Атанасова и Наталија Трајанова освоија III награда на Општински натпревар по биологија одржан на 4 Март 2017 година, додека ученикот Андреј Малчев на истиот натпревар освои II награда. На 2. Регионалниот натпревар по природни науки кој се одржа на 8 Април 2017 година под менторство на предметниот наставник Анита Стојанова учениците Матеј Беличев и Стефан Гацов освоија III награда; на 4. Регионален натпревар по биологија одржан на 8 Април 2017 година ученичките Анастасија Атанасова, Тамара Атанасова и Наталија Трајанова освоија III награда, а ученикот Андреј Малчев на истиот натпревар освои II награда. Честитки за сите освоени награди и им посакуваме понатамошни успеси на сите ученици!