Одржан настанот Вело родео

0
324

Во организација на нашиот училишен Спортски Клуб „Тркало“, а со поддршка на Здружението на граѓани „Еко – Логик“ од Скопје, на 25.05.2017 година во нашето училиште се одржа настанот со натпреварувачки карактер Вело родео, на кој беа поканети 12 основни училишта на ниво на Општина Кочани, Општина Штип, Општина Виница, Општина Делчево, Општина Берово, Општина Пробиштип и Општина Велес (сите поканети училишта имаат статус на зелено знаме). На настанот учестуваа 10 екипи, а учесниците се натпреваруваа во неколку дисциплини: сигнализација, контрола, баланс, безбедност, тргнување, забрзување и запирање. Првото место го освои екипата на ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани, второто екипата од нашето училиште и третото место ОУ „Ванчо Прке“ од Делчево.