Во организација на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Кочани на 31.05.2017 година се одржа Општинскиот натпревар по прва помош, на кој учествуваа 7 екипи од основните училишта од нашата општина и 2 екипи од средните општински училишта. Од нашето училиште под менторство на предметниот наставник Анита Стојанова учествуваа следниве ученици: Ивона Лазарова, Љубомир Давитков, Јордан Беличев, Ивана Трифунова, Сандра Митева и Глорија Велкова. Нашата екипа освои 4-то место.