Доделени награди на најуспешните екипи во општинските училишни лиги

0
285

На 7 Јуни во салата на ОУ „Никола Карев“ беа доделени признанијата и победничките пехари за најуспешните поединци и екипи во годинешните Општински училишни лиги во кошарка во машка и женска конкуренција, ракомет и футсал во машка конкуренција, како и на професорите кои дадоа полн придонес во подготовките на екипите за овие првенства. По менторство на наставниците по ФЗО Благој Петров и Тони Стојанов учениците се докажаа во сите спортови. Во футсал во училишната општинска лига на општина Кочани екипата од нашето училиште освои II место, во ракомет III место и во кошарка (машки) IV место. Честито и на учениците и на наставниците ментори.