На 21 септември по повод меѓународниот ден на мирот се организираше акцијата – За чист воздух. Учениците од актив IV одд. под менторство на одд. наставник Дивна Јанушова пред децата од клон IV од градинката „Павлина Велјанова“ се претставија со пораки за зачувување на воздухот. Особено апелираа до возрасните и ја потенцираа опасноста од аерозагадувањето за сите луѓе од нашата планета.