И оваа година на 22 септември се одржа Велосипедско дефиле по повод Светската недела без автомобили. Од нашето училиште во организација на училишниот спортски клуб Тркало како единствен ваков клуб од нашата општина, учествуваа 34 ученици и наставниците: Благој Петров, Тони Стојанов и Драган Трајчев. Целта на организирање на ваквото дефиле е да се користат велосипедите како превозно средство, а повторно се со цел зачувување на природата.