На 29 септември со почеток од 12 часот во Градскиот трговски центар во организација на нашето училиште, во соработка со друштвото Еко – логик и организацијата Мрдни со прст се одржа третото Вело родео, на кое овојпат учествуваа поканети училишта од Општина Кочани и Источна Македонија. На нашето училиште беа доделени три велосипеди, кои ќе можат да ги користат учениците членови на СУК Тркало и останатите ученици.