Учество на 26-тата Меѓународна манифестација „Денови на Кочанскиот ориз 2017 година“

0
300

На 30 септември се одржа 26-тата Меѓународна манифестација „Денови на Кочанскиот ориз 2017 година“, на која со свои точки се претстави и нашето училиште, односно училишниот хор под менторство на наставникот Дарко Ристов со песната Молчи, молчи, учениците од актив четврто одделение со ритмичката игра Mix dance и учениците од актив петто одделение со ритмичка игра на песната Нинанајна. Исто така ученикот Филип Ефтимов како награден ученик на објавениот конкурс по повод оваа манифестација и пофалената ученичка Анастасија Богданова ги прочитаа своите литературни творби.