Прием на првачињата во Детската организација

0
301

На 6 октомври со почеток од 11 часот, во ЦК Бели мугри сите првачиња на ниво на нашата општина свечено беа примени во Детската организација со заедничко давање на заклетвата. На оваа свеченост од нашето училиште со ритмичка точка се претставија учениците од актив четврто одделение. Беше задоволство да се присуствува на оваа свеченост.