На 10.11.2017 година во малата сала на ЦК „Бели мугри“ во Кочани се одржа Детската поетска работилници на тема „Каде е таткото во поезијата?“. На оваа работилница учество зедоа предметниот наставник Вера Стојкова со учениците Филип Ефтимов од VIII-2 одд. и Глорија Велкова од IX-2 одд. и одделенскиот наставник Дивна Јанушова со учениците Анастасија Богданова, Александра Стојанова и Марина Велова. Учениците се претставија со своите творби, кои ќе бидат објавени во билтен.
„Каде е таткото во поезијата?“