14 Ноември – Светски ден на дијабетот

0
413

На 13 Ноември се одржа предавање за да го одбележиме Светскиот ден на дијабетот, 14 Ноември. Во улога на предавач беше родител од нашето училиште педијатар д-р Надица Јосифова и ги запозна учениците од петто одделение со тоа што претставува шеќерната болест, кои типови на шеќерна болест постојат, кои се причините за нејзиното појавување, како да се посомневаме, симптоми и знаци, лекување, контроли, исхрана и физичка активност.