На 28.11.2017 година во организација на ЦК Бели мугри и Министерството за култура на Р. Македонија во просториите на ЦК Бели мугри со почеток од 12 часот се реализираше проект Едукативно-креативна работилница на која ученици од сите општински училишта со своите наставници ментори работеа во техниката декопаж. Од нашето училиште под менторство на предметниот наставник Елизабета Зафирова Стојанова учениците: Илина Велкова, Ели Величковска, Бранкица Стојменова, Анастасија Велкова, Симона Георгиева, Бојана Арсова и Викторија Трајчева изработија најразлични предмети во оваа техника и ја покажаа својата умешност и креативност.