Литературен конкурс од фондацијата „Никола Кљусев“

0
725

Во месец септември беше добиен повик за литературен конкурс од фондацијата „Никола Кљусев“ со поддршка од Министерството за култура на РМ. По шести пат се спроведе проектот „Творам за Македонија“ во кој директни учесници се учениците од основните и средните училишта во Република Македонија. Темата на овогодинешниот конкурс беше „Домот во срцето мое“ и според пропозициите од секое училиште требаше да се испратат трите најдобри творби. Од нашето училиште беа испратени литературните творби на ученикот Филип Ефтимов од VIII-2 одд. под менторство на предметниот наставник Ана Чаршавска и ученичките Анастасија Богданова и Марина Велова од IV-3 одд. под менторство на одделенскиот наставник Дивна Јанушова. Од добиените над илјада творби, комисијата најдобрите ги објави во збирката „Творам за Македонија – Домот во срцето мое“, меѓу кои се и двете творби на ученичките Анастасија Богданова и Марина Велова.