Предавање на тема: Насилното однесување кај учениците

0
364

На ден 18.12.2017 година училишниот психолог одржа предавање на тема „Насилно однесување кај учениците од шесто одделение. На предавањето најпрво им беше објаснето што всушност значи насилно однесување. Потоа беа запознаени со облиците и видовите на насилство и нивните карактеристики, местата и времето кога се случуваат истите. Беа наведени причините поради кои се случува насилството. И на крај на учениците им беа дадени совети за справување со училишното насилство.