Собирна акција на облека и обувки

0
278
На барање на ЗСЗЗ „Благородна мисија“ – Кочани, нашето училиште се приклучи на нивниот хуман гест и организираше собирна акција во облека и обувки за оние на кои најмногу им треба, да се развеселат за време на Новогодишните и Божиќните празници. Иако од почетокот на учебната година веќе се реализираа вакви собирни акции, наменети за учениците од нашето училиште, сепак учениците и наставниците не останаа рамнодушни на ова барање, а веруваме дека истото ќе продолжи и во иднина.