Еко пакет Македонија 2018

0
19

На 28.12.2017 година се одржа кратко предавање пред тимовите предложени од одделенските наставници предводени од менторите: Дивна Јанушова, Анка Соколова и Катица Петрова. Накратко им се презентираше проектот Еко пакет Македонија, од кога и каде се спроведува, што е целта на истиот и како ќе се спроведува. Им беше објаснета и временската рамка на која треба да се внимава, а особено се потенцираа критериумите на кои мора да се води сметка при изработката на уметничките дела. Се потенцираше начинот на селектирање на тетрапак амбалажата, како да ја мијат за да биде чиста за користење. Преку уметничките дела изработени во претходните три учебни години од нашите наставници ментори и преку презентацијата можеа да видат готови уметнички дела за да добијат појасна слика за тоа што треба да работат. Ќе се чека темата на овогодинешниот конкурс и од месец март ќе се отпочне со изработките на уметничките дела.

Еко пакет Македонија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме напишете го вашиот коментар!
Ве молиме напишете го вашето име