Одржан Општинскиот натпревар по математика

0
441

На 24.02.2017 година во ОУ „Никола Карев“ се одржа Општинскиот натпревар по математика во организација на Сојуз на математичари на Македонија. На овој натпревар учество зедоа ученици од V до IX одд. од нашето училиште од кои: ученикот Иван Георгиев од V – 3 одд. под менторство на одд. наставник Силвана Ивановска освои I место, ученикот Христијан Георгиев од IX – 1 одд. под менторство на предметниот наставник Јулијана Николовска освои III место, ученичката Магдалена Иванова од V – 3 одд. под менторство на одд. наставник Силвана Ивановска е пофалена, учениците Антонио и Александар Ананиеви од V – 1 одд. под менторство на одд. наставник Благојчо Стоилов се пофалени, учениците Матеј Беличев и Стефан Гацов од VII – 3 одд. и Мартина Николова од VIII – 2 одд. под менторство на предметниот наставник Јулијана Николовска се пофалени.
Со среќа на учениците и наставниците ментори на претстојните натпревари!