На 29 март ученици од четврто одделение и од предметна настава под менторство на одделенскиот наставник Дивна Јанушова со маската Виножито се претставија на Пробиштипскиот маскенбал 2018 и ја освоија првата награда. На 30 март ученици од четврто одделение повторно под менторство на одделенскиот наставник Дивна Јанушова со маската Африкански танц ја освоија третата награда.